Дома Трансфер зона Барса добива забрана за трансфери на лето

Барса добива забрана за трансфери на лето

Барселона нема да смее да купува нови играчи ова лето, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, во интервју за шпанското радио „Естадио“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот гигант пред две години беше пред финансиски банкрот, но со ново задолжување и договор со раководството на Ла Лига сепак успеа да опстане, но под посебни услови.

Барселона мора да работи на таков начин што ќе гарантира финансиска стабилност, сето тоа во договор со раководството на лигата. Минатото лето донесе бројни засилувања во клубот, а Тебас реши да не дозволи трансфери во следните два преодни рока.

„Барселона во јануари не смееше да донесе никого, а и на лето ќе добие забрана за влезни трансфери“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…