Барселона го притиска Френки де Јонг да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед, пренесуваат шпанските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Холанѓанецот и веќе испратија понуда вредна 80 милиони евра, која беше прифатена од Каталонците. Од „Камп Ноу“ се надеваат дека трансферот ќе биде финализиран што е можно поскоро, бидејќи имаат финансиски проблеми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова ќе му овозможи на клубот да биде многу поактивен на трансфер пазарот и ќе може полесно да ги финализира зделките за кои преговараше во последните недели.
26-годишниот Де Јонг е приоритет на „црвените ѓаволи“. Лично, новиот менаџер Ерик тен Хаг инсистирал да го привлече и газдите на „Олд Трафорд“ прават се што е можно да го реализираат трансферот.
Барса и Манчестер Јунајтед веќе си подадоа рака за трансферот, но Де Јонг се уште не им дал конечен одговор на Англичаните. Се чини дека ова ги иритира двата клуба, кои сакаат зделката да се финализира што е можно поскоро.