Дома Трансфер зона Барса го „заштити“ Бускетс со клаузула од 500 милиони

Барса го „заштити“ Бускетс со клаузула од 500 милиони

Шпанските медиуми веќе неколку дена тврдат дека Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за Серхио Бускетс, па тоа очигледно го запали „алармот“ кај Барселона.

Имено, денес „Мундо Депортиво“, весник кој е секогаш добро информиран за случувањата во Барселона, тврди дека е постигнат договор и наскоро Бускетс ќе потпише нов договор.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Весникот тврди дека сите детали се договорени и дека откупната клаузула на 30-годишниот играч за врска ќе изнесува 500 милиони евра, со што Барса ќе се заштити од нападите на ПСЖ.

Официјалното потпишување на новиот договор е закажано за септември. Бускетс ќе добие значително зголемување на платата, но точните бројки се уште не се откриени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…