Македонската фудбалска репрезентација со победата над Косово обезбеди финале против Грузија за пласман на ЕП.
После натпреварот, еден од најдобрите поединци во нашата селекција, Енис Барди даде свој коментар за натпреварот и за дуелот кој не очекува против Грузија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека натпреварот го почнавме под притисок, беше тешко да влеземе во натпреварот, но екипата беше добро поставена и не им дозволивме да создадат шанси. И покрај голот за 1:1, ние одевме на победа и пласман во финале.“ – изјави Барди и даде свој коментар за дуелот против Грузија:
„Македонија е гладна за да се пласира на ЕП. Ќе дадеме се од себе да одиме на тоа првенство.“