Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели денес порача дека се уште не одлучи каде ќе игра наредната сезона.
Балотели овие денови е во центарот на вниманието и сите очекуваат тој да се врати во Италија, а се споменуваше и Борусија Дортмунд (наредна сезона ќе ја води неговиот сегашен тренер во Ница) како можна следна дестинација.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Самиот Балотели со денешната изјава порача дека се уште ништо не одлучил.
„Пред последниот натпревар во сезоната на „Алијанц Ривера“ преполн сум со емоции. Како и да е не знам каде ќе играм следната сезона. Доколку заминам сигурно ќе бидам тажен“, изјави Балотели.