Дома Трансфер зона Балотели заминува – се прости од навивачите: Останаа уште пет натпревари…

Балотели заминува – се прости од навивачите: Останаа уште пет натпревари…

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели на лето повторно ќе го промени клубот бидејќи неговата соработка со Ница завршува.

Балотели во Ница пристигна пред две години и на изненадување на многумина одлучи да не ја продолжи соработката со францускиот клуб. Веќе неколку недели наназад се шпекулира за тоа каде „Супер Марио“ би можел да ја продолжи кариерата, а судејќи според ситуацијата тоа ќе биде Серија А.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според медиумите на Апенините поранешениот напаѓач на Интер и Милан одлучил да да се врати во Италија, а наводно веќе има неколку интересни понуди, претходно интерес за Балотели покажуваа Рома и Наполи.

Иако до крајот од сезоната во Франција останаа уште неколку кола, Балотели веќе се прости од навивачите на Ница и така уште еднаш потврди дека на лето кариерата ја продолжува во некој друг клуб.

„Ова беа две неверојатни години, им благодарам на сите…Останаа само уште пет натпревари“, порача Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…