Дома Останати Кошарка НБА Балканското дерби во НБА за Јокиќ, 37 поени на Дончиќ не беа доволни 🎥

Балканското дерби во НБА за Јокиќ, 37 поени на Дончиќ не беа доволни 🎥

Балканското дерби во НБА лигата му припадна на Никола Јокиќ откако неговиот Денвер го победи Далас на Лука Дончиќ со 118:109. За Денвер ова беше трета победа во низа.

Јокиќ повторно одигра одличен натпревар во кој забележа трипл-дабл од 14 поени, 13 скока и 10 асистенции, ова беше негов 21. трипл-дабл во сезоната. Поентерски најефикасен беше Џеф Грин со 24 постигнати поени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На овој натпревар поради ситна повреда за Далас не играше Кајри Ирвинг, а Дончиќ натпреварот го заврши со 37 поени, девет асистенции и четири скока.

До трета победа во низа дојде и Њујорк кој ја совлада Атланта со 121:101. Џејлен Бренсон ги предводеше гостите со 28 поени.

Рекорд во кариерата постигна Мајк Бриџис кој уфрли 45 поени во победата на Бруклин над Мајами со 116:105.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

 Шарлот – Сан Антонио 120-110

Индијана – Чикаго 117-113

Атланта – Њујорк – 101-122

Бостон – Детроит 127-109

Бруклин – Мајами 116-105

Филаделфија – Кливленд 118-112

Мемфис – Јута 117-111

Оклахома – Хјустон 133-96

Денвер – Далас 118-109

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120-102

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…