Дома Трансфер зона Балкански тандем во Интер од јануари

Балкански тандем во Интер од јануари

Интер е силно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и сака да го донесе во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.

Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал е спремен да го продаде Јовиќ, а Интер сака да ја засили конкуренцијата во нападот, па се очекува наскоро да започнат преговори.

„Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат од Санчез, а прва желба на тренерот Инзаги е токму српскиот напаѓач кого го гледа како одличен во тандем со Един Џеко.

Интер ќе се обиде да го донесе во јануари на позајмица со право на откуп, а Реал е спремен да го пушти напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…