Швајцарскиот голман Јан Зомер е спремен да ја напушти Борусија Мехенгладбах и кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.
Се очекува токму Зомер да биде замената за Мануел Ноер, кој се повреди и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците се во потрага по негова замена, а изборот паднал токму на Зомер, кој има големо искуство во Бундеслигата.
Договорот на Зомер со Борусија исто така истекува во јуни 2023 година, па може за симболична сума да го напушти клубот во јануари.
Тој со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а бранеше одлично и за Швајцарија на Мундијалот.