Дома Трансфер зона Интер замена за Онана пронајде во Минхен?

Интер замена за Онана пронајде во Минхен?

Според последните информации Андре Онана ќе биде новиот голман на Манчестер Јунајтед и тој трансфер би можел да биде комплетиран до крајот на денот. Интер веќе работи и на доведување на негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Камерунецот ги договори личните услови, а двата клуба наводно се многу блиску до конечен договор. Се споменуваа неколку имиња, но според последните информации наследникот на Онана може да биде голманот на Баерн Минхен, Јан Зомер.

Мануел Ноер се враќа од повредата, па така за Зомер ќе нема место во стартниот тим, освен тоа Баерн подолго време преговара со Георги Мамардашвили, па Зомер и дефинитивно би станал „вишок“.

Така Баерн веројатно и не би правел проблем да го пушти во Милано каде што би бил прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…