Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг.
Де Јонг оваа сезона игра на високи ниво, а во Баерн го гледаат како идеално решение за средниот ред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците сакаат да го засилат средниот ред и веќе спремиле понуда од 80 милиони евра за потписот на Холанѓанецот.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман јасно порача дека не сака да го продава Де Јонг. Меѓутоа, финансиската ситуација кај Каталонците е лоша, па сигурно добро ќе размислат за оваа понуда.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона е во големи долгови и се уште не е доплатен трансферот на Де Јонг од Ајакс.
Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн и ќе испрати понуда од 80 милиони евра.