Баерн Минхен најави дека ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот и ќе има голем буџет за трансфери, а последните информации се дека најголема желба на Баварците е ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Баерн веќе почнал да работи на трансферот и доставил првична понуда до Јувентус од 80 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дибала имаше лоша сезона, што поради фактот што падна во сенка на Роналдо, што поради лошите односи со тренерот Алегри.
Поради тоа раководството на Јувентус е спремно да го продаде Аргентинецот, но за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.
Иако Дибала изјави дека би сакал да остане во Јувентус, позади него е статистички најслабата сезона и постигна само 10 гола.
Меѓутоа, Аргентинецот е мета на многу европски гиганти, а го моментов Баерн Минхен е најконкретен во намерата да го доведе во своите редови.
Медиумите тврдат дека двата клуба наскоро ќе започнат преговори, а со оглед дека имаат одлични односи, многу е веројатно дека ќе ги „испеглаат“ разликите и ќе најдат заеднички јазник.