Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан призна дека клубот ова лето сериозно размислувал за можноста да го ангажира Кристиано Роналдо.
Меѓутоа, Кан потврди дека брзо била отфрлена таа идеја, иако верува дека тоа би било добро за целата Бундеслига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ја разгледувавме можноста Роналдо да дојде во Баерн. Претпоставувам дека и во Дортмунд го направиле истото. Ја гледавме и „големата слика“ во однос на Бундеслигата, бидејќи суперѕвезди како Роналдо се важен фактор за целата лига. Тој е еден од најголемите фудбалери во последните децении. Меѓутоа, брзо ја отфрливме таа можност“, изјави Кан за „Билд“.