Хрватскиот стручњак Нико Ковач од наредната сезона ќе го предводи Баерн Минхен. Овој 46. годишен тренер моментално е на клупата на Ајнтрахт Франкфурт.
Ковач не бил прв избор на Баварците. Претседателот на клубот Ули Хенес откри дека хрватот бил трет избор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова беше долга потрага. Долго преговаравме со Хејкенс да остане, но кога конечно сфативме дека тој не сака повеќе да работи, се свртевме кон Томас Тухел“ – изјави Хенес и додаде:
„Тухел не одби. Ни кажа дека веќе се договорил со друг клуб. Не бевме шокирани, иако имавме неколку разговори. Неколку дена покасно Хасан Салихамиџиќ и јас одржавме состанок и одлучивме да се обидеме да го ангажираме Ковач. Тоа на крајот се случи.“
Ковач ќе го има предизвикот на кариерата и ќе биде секако интересно да се види како овој стручњак ќе се снајде на клупата на Баварците.