Баерн Минхен наскоро би можел да доведе одлично засилување.
Станува збор за напаѓачот на Хофенхајм, Сандро Вагнер кој би требало дресот на Хофенхајм да го замени со оној на Баерн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вагнер кој има 29 години веќе настапуваше за Баерн и тоа пред десет години. Изгледа дека сега е вистинско време овој напаѓач да се врати во Минхен.
Прво: Тој е зрел фудбалер во полна фудбалска сила, оваа сезона е најдобар стрелец на Хофенхајм (шест погодоци на 15 натпревари) што значи дека е спремен да премине на повисоко ниво.
Второ: Баварците бараат профил на фудбалер кој би го растертил Роберт Левандовски и изгледа дека Вагнер се согласил да биде прва резерва.
Трето: Неговата сопруга и двете деца живеат во Минхен.
Покрај сето ова, Сандро е и голем навивач на Баерн. За тоа сведочи посетата на кошаркарскиот натпревар во Европкупот против Галатасарај. Овој натпревар тој го следеше во друштво на Хави Мартинез и Џошуа Кимих.
И за крај, можеби најзначанјната информација, негов менаџер е Роман Румениге, синот на Карл Хајнц Румениге, извршниот директор на германскиот шампион.