Се што е убаво кратко трае. Долги догини уживавме во одличните настапи на Фран Рибери и Арјен Робен во дресот на Баерн Минхен, а изгледа дека се помина и многу брзо.
Добро познатото дуо на Баерн влезе во доцните играчки години. Рибери има 34, а Робен во април ќе наполни 35. Што значи дека дојде времето кога Баерн ќе мора да пронајде замена за нив двајца, а германскиот „Kicket“ пишува дека Баварците најдоа решение.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Управата на германскиот гигант сака да ги доведе Кристиан Пулишиќ од Борусија Дортмунд и Леон Бејли од Баер Леверкузен како замени. Пулишиќ, кој се смета за една од најголемите ѕвезди во светот, игра одлично во дресот на Дортмунд и неговата вредност на пазарот изнесува 45 милиони евра, иако има само 19 години. Од другата страна, Бејли е само една година постар, но исто така голем талент. Тој оваа сезона постигна десет гола и запиша пет асистенции во сите натпреварувања, а најдобро се снаоѓа на позицијата лево крило.
Потсетуваме, Рибери е член на Баерн од летото 2007. година, кога од Марсеј се пресели за 30 милиони евра, додека Робен се приклучи две години подоцна кога пристигна од Реал Мадрид. Двајцата се познати по честите повреди и кога ќе ги погледнете нивните статитики од претходните сезони, лесно ќе заклучите дека многу ретко одиграле повеќе од 50% од натпреварите во сезоната, но и покрај тоа, тие секогаш постигнуваат голем број на голови и асистенции.