Дома Трансфер зона Баерн Минхен потврди уште едно засилување

Баерн Минхен потврди уште едно засилување

Баерн Минхен денес официјално го потврди трансферот на Емилијан Метју, играч за врска кој доаѓа од австрискиот Сент Полтен.

17-годишниот фудбалер веќе дебитираше за првиот тим пред еден месец против ЛАСК и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен успеа да ја победи конкуренцијата и го договори неговиот трансфер, а Метју ќе се пресели во Минхен по завршувањето на сезоната и ќе потпише договор до 2025 година.

Австриецот најпрво ќе игра со младиот тим на Баварците, но медиумите пренесуваат дека станува збор за исклучителен талент и го споредуваат со Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…