Дома Трансфер зона Баерн Минхен и Ливерпул се „тепаат“ за Албанец

Баерн Минхен и Ливерпул се „тепаат“ за Албанец

Албанскиот репрезентативец Елсаид Хисај во 2015 година пристигна во Наполи од Емполи заедно со тренерот Маурицио Сари и од тогаш е незаменлив дел од одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хисај се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Серија А, до сега има запишано 87 настапи за „наполитанците“ и е назаменлив во формацијата на тренерот Маурицио Сари.

Неговите добри партии не останаа незабележано, па интерес за Хисај покажуваат два европски гиганти. Станува збор за Ливерпул и Баерн Минхен, кои се спремни да понудат 50 милиони евра.

Сепак, двата клуба нема да се обидат да го донесат во јануари, но следното лето се спремни да ја активираат неговата откупна клаузула.

За Хисај инетрес покажуваат и други европски гиганти, а негова предност е тоа што подеднакво добро игра како десен и како лев бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…