Примарна цел на Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Германските медиуми пренесуваат дека ново име на списокот на Баварвите е ѕвездата на Астон Вила, Оли Воткинс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Техничкиот директор на Баерн, Марко Непе во саботата бил присутен на „Вила парк“ да го гледа 27-годишниот Англичанец, кој игра одлична сезона.
Тој сезонава на 35 натпревари за тимот од Бирмингем, постигна 15 голови и 6 асистенции, а Астон Вила за неговата слобода бара 50 милиони евра.
Баерн бара напаѓач со карактеристиките на Левандовски и верува дека Воткинс одлично ќе се вклопи во тимот.
🚨 Bayern Munich are interested in making a move for Aston Villa striker Ollie Watkins.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 30, 2023
(Source: @MirrorFootball) pic.twitter.com/SMyKN9kC8T