Еминентниот весник „Билд“ тврди дека Баерн Минхен се договорил со ѕвездата на Лајпциг, Дајот Упамекано.
Упамекано неодамна го продолжи договорот со Лајпциг, но во него има откупна клаузула која е релативно ниска, и изнесува 42 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според „Билд“ Баерн се договориле со фудбалерот и на крајот на сезоната ќе ја активираат откупната клаузула.
Упамекано сезонава е еден од најдобрите играчи на Лајпциг и за него интерес покажуваат Реал Мадрид, Ливерпул и клубовите од Манчестер.
Коментари