Баерн Минхен го договори трансферот на португалскиот репрезентативец Палиња, кој и минатото лето беше пред трансфер на „Алијанц Арена“.
Португалецот игра фантастично во Премиер лигата, а минатото лето беше на чекор од трансфер во Баерн Минхен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој пристигна во Минхен и ги мина лекарските прегледи, но во последен момент Фулам ги промени условите.
Меѓутоа, Баерн не се откажа од намерата да го доведе играчот за врска во Минхен, а и самиот фудбалер инсистираше на овој трансфер.
Сега конечно двата клуба постигнаа договор, па Баерн ќе плати 50 милиони плус 5 милиони како бонуси, а Палиња ќе потпише договор до 2029 година.
🚨 João Palhinha to Bayern Munich is now HERE WE GO done.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 3, 2024
🤑 €50m + €5m add-ons.
✍️ Contract until 2028.
🩺 Medical to be booked.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/9WBcz5goqJ