Дома Фудбал Баерн и Милан поразени, Кабак потпиша за Шалке

Баерн и Милан поразени, Кабак потпиша за Шалке

Младиот турски фудбалер Озан Кабак беше на мета на Милан и Баерн, но на крајот потпиша за Шалке.

Кабак во јануари пристигна во редовите на Штутгарт, но кога овој клуб испадна играчот одлучи да ја промени средината.

Иако повеќе клубови го посакуваа во своите редови, а беше блиску да премине на Сан Сиро, на крајот донесе одлука да го облече дресот на Шалке.

Тимот од Гелзенкирхен денеска го потврди трансферот на 19. годишниот играч кој е дете на Галатасарај, а токму од тој клуб дојде во Штутгарт. Имаше настапи за младата селекција на Турција, а сега се очекува да дебитира и за сениорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мрежите мируваа во Рен: Олимпијакос остана без четврта победа

Рен и Олимпијакос одиграа 0-0 во Лигата на Европа. Гостите имаа повеќе посед и удари, но д…