Дома Топ вести Баерн и Барселона се вклучија во трката за Лукаку

Баерн и Барселона се вклучија во трката за Лукаку

И покрај постојаните информации од Италија дека Ромелу Лукаку е блиску до враќање во Интер, сепак два други европски гиганти се вклучија во трката за Белгиецот.

Според „Мундо Депортиво“, белгискиот напаѓач е опција за Барселона доколку Каталонците не успеат да го привлечат Роберт Левандовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукаку сака да го напушти Челзи по лошата сезона на „Стемфорд Бриџ“. Тој сака да се врати во Интер и веќе има договор со „нероаѕурите“, но миланскиот клуб има финансиски проблеми и сака да го донесе само на позајмица.

Во трката за потписот на Лукаку се вклучи и Баер Минхен, кој во него гледа идеален наследник за Левандовски.

Баварците преговараат со Садио Мане, но се во потрага и по централен напаѓач, па веќе стапиле во контакт со агентот на Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…