Дома Трансфер зона Баерн има проблем во соблекувалната – мораат да заминат барем петмина?

Баерн има проблем во соблекувалната – мораат да заминат барем петмина?

Eкипата на Баерн летово ги доведе крилото Михаел Олисе за 53 милиони евра од Кристал Палас, средниот бек Жоао Палхињо за 51 милион евра од Фулам и дефанзивецот Хироки Ито за 23,5 милиони евра од Штутгарт. Хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ се врати од позајмицата во Баер Леверкузен, а блиску до трансфер е и Џонатан Тах, исто така од Леверкузен.

„Билд“ пишува дека ниту еден од тие пет играчи „не е светска ѕвезда“, но би можеле да станат стандардни првотимци во тимот на новиот тренер Винсент Компани. Со оглед на големиот број на играчи во составот, германските медиуми посочуваат дека „соблекувалната пука од високо платени репрезентативци од целиот свет“.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Баерн затоа би можел да продаде неколку играчи, а „Билд“ истакнува дека треба да си заминат најмалку барем петмина. Да потсетиме, клубот од Минхен минатата сезона не освои ниту еден трофеј. Тоа беше прва ваква лоша сезона по повеќе од една деценија, а по неа, се чини, тимот ќе изгледа многу поинаку.

Спортскиот директор на Баерн Макс Еберл најверојатно ќе се ослободи од неколку играчи. „Билд“ пишува дека „цела Европа знае дека тој мора да продаде сега“ и дека цената за поединци може да падне поради тоа. Германските новинари веруваат дека еден од овие играчи би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок:

Крилни напаѓачи: Кингсли Коман, Серж Гнабри и Брајан Сарагоса

Централни играчи од средниот ред: Леон Горецка, Џошуа Кимих, Конрад Лајмер

Стопери: Матијс де Лихт, Ерик Диер, Ким Мин-џае, Дајот Упамекано

Бек/крила: Нусаир Мазрауи, Саша Бои, Алфонсо Дејвис

Се наведува дека треба да си заминат најмалку две крила, еден централен играч за врска, веројатно двајца стопери и еден од бековите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …