Дома Трансфер зона Баерн добил понуда која му одговара, се чека одлуката на Коман

Баерн добил понуда која му одговара, се чека одлуката на Коман

Кингсли Коман е на излезна врата од Баерн, но кариерата нема да ја продолжи во Барселона како што се шпекулираше во изминатите недели.

Коман во последните неколку недели беше поврзуван со Барселона, откако Ханси Флик покажа интерес да го доведе во каталонскиот клуб, но се повеќе е јасно дека на крајот ништо нема да излезе од тоа.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Барселона мака мачи со регистрација на нови засилувања, па поради тоа и се откажа од идејата да го доведе Коман. Сепак, како што стојат работите, овој Французин најверојатно ќе го напушти Баерн во самиот финиш на преодниот рок.

Медиумите во Германија пишуваат дека Коман би можел да биде уште еден во низата играчи кои ја напуштаат Европа и заминуваат во Саудиска Арабија бидејќи и тој добил богата понуда од таа земја.

Голем интерес за Коман покажа Ал Хилал кој веќе неколку дена е во преговори со Баерн, а германски „Скај Спорт“ пишува дека клубовите се договориле за се и дека Баварците се согласиле да го продадат францускиот фудбалер.

Баерн е задоволен од понудата на Ал Хилал и дал зелено светло за продажба на Коман, но трансферот се уште не е завршен бидејќи играчот треба да го прифати тоа што му го нудат Саудијците.

Сега се е во рацете на Коман, меѓутоа не изгледа дека е далеку од преселба во саудискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …