Дома Фудбал Останато Баерн го победи овој човек, а не Нејмар и Мбапе: Даде половина милијарда за победа и го однесе фудбалот во нова ера!

Баерн го победи овој човек, а не Нејмар и Мбапе: Даде половина милијарда за победа и го однесе фудбалот во нова ера!

„Овој тим на Баерн има доволно квалитети да ја освои Лигата на шампиони“, изјави пред гостувањето во ПСЖ потпретседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

Но баварскиот гигнат беше разбиен од најдобриот катарски клуб со седиште во Париз и му покажа на Баерн колку е далеку од статусот кој му го припишува Румениге.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Истиот тој Румениге кој пред еден месец го исмејуваше потегот на катарскиот емир Ал Тани да потроши 400 милиони за двајца фудбалери и му порача: „Баерн одбива да учествува во ова лудило и да плаќа луди суми за фудбалери“.

Ваквиот потег на Баерн беше протолкуван и како лицемерие бидејќи Баварците се познати како клуб кој ја „убива“ конкуренцијата со тоа што им ги „краде“ најдобрите фудбалери, а сега се повикува на фер-плеј и разумно трошење.

На „Паркот на принцовите“ синоќа луто реагираа и навивачите на Баерн на безобразлукот од богатите Катарци. Тие развија транспарент на кој пишуваше: „75 евра за влезница? Па не сме Нејмар“!

Шеикот на ПСЖ не го интересира тардицијата, а статусот и трофеите ќе ги купува без да праша колку чинат!

ПСЖ ја нема традицијата на Баерн, Реал, Јунајтед, Милан или Јувентус, но неговиот газда и не го интересира минатото. Него го интересира само моменталниот статус и трофеите, кои се логичен след после потрошени толку пари.

ПСЖ е проект кој го интересира исклучиво сегашноста и иднината, а сегашноста е таква што секој фудбалер одбира да игра за повеќе пари, наместо за некој гигант со традиција. Доказ за тоа е триото МСН кои не се грижат многу за традицијата или финансискиот фер-плеј, туку за својата банкраска сметка и за трофеите.

ПСЖ фудбалот го подигна (или спушти) на ниво на виртуелен спорт благодарение на тоа што на славното трио потроши преку 500 милиони евра. Само за отштетите на Кавани (65), Нејмар (222) и Мбапе (180) плати половина милијарда евра.

Неверојатен износ, па затоа не е чудно што играат неверојатно добро!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …