Баерн Минхен веќе неколку години сака да пронајде замени за Рибери и Робен кои ја играат последната сезона на „Алијанц Арена“.
Иако во клубот веќе го имаат Квинсли Коман, Баварците сметаат дека тоа не е доволно, па следната мета ја пронајдоа во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот шпански медиум „Дон Балон“ тврди дека Баерн ќе се обиде да го доведе Лукас Васкез, крилниот фудбалер на Реал Мадрид кој оваа сезона нема голема минутажа.
Васкез моментално не е задоволен од својот статус и е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Она што им оди во прилог на Баварците е фактот што во тимот веќе имаат тројца Шпанци, па Васкез би можел полесно да се прилагоди на германскиот фудбал.
Шпанецот ова лето се поврзуваше и со трансфер во Арсенал, но медиумите тврдат дека токму Баерн Минхен е во пол позиција за неговиот потпис.