Старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона означи и школата на ФК Вардар, која вчера на теренот во Аеродром го имаше својот прв собир, на кој беа претставени луѓето кои ќе раководат со младинската школа, како и тренерите кои ќе работат со генерациите на Вардар.
*За нов координатор на школата е назначен Бобан Бабунски, за кој ова е враќање во клубот, додека Пепи Ѓоргиевски ќе има функција на скаут во школата, како и заменик координатор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познати се и тренерите кои ќе бидат задолжени за работа со младите екипи.
*Трајче Стојковски -генерација 2005 ( младинци)
*Mарјан Герасимовски -генерациија 2006 ( кадети)
*Марко Ѓорѓевиќ и Димо Мушу – генерација 2007 ( пионери)
*Влатко Колев – генерација 2008 ( помлади пионери)
*Илија Колевски – генерација 2009 ( повозрасни петлиња)
*Зоки Тасески – генерација 2010 ( помлади петлиња)
*Сашо Тодоровски – генерација 2011/2012/13 ( петлиња)
*Марко Ѓорѓевиќ – генерација 2014/15 ( петлиња)
*За работа со младите голмани ќе бидат задолжени Слободан Мутибариќ и Бојан Димковски.