ФК Пелистер утрово ја потврди разделбата со тренерот Бобан Бабунски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бабунски во Пелистер дојде на местото на Марјан Секуловски, но не успеа да се избори со тимот за место во Првата лига. Пелистер заврши на четвртата позиција зад Гостивар, Воска и Вардар, а со крајот на сезоната истече и неговиот договор кој не беше продолжен.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши договорот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат.
ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера.
Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24“, соопшти клубот.