Дома Македонски спорт Мак фудбал Бабунски: Не гледаат како фаворити, но ние треба да останеме скромни

Бабунски: Не гледаат како фаворити, но ние треба да останеме скромни

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревари против Летонија на 10 октомври и три дена подоцна со Ерменија.

На табелата Македонија е лидер во групата, меѓутоа репрезентативецот Давид Бабунски истакна дека ќе мора да бидеме на највисоко ниво за да дојдеме до посакуваната цел.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Сигурно правиме многу работи доста добро кога не гледаат како фаворити во оваа група, но ние треба да останеме скромни и да продолжиме да се бориме да ја искористиме шансата која ја имаме. Нема да биде лесно, играме на гостински терен. Денес сите репрезентации го развиваат својот фудбал, немаме многу време да се подготвиме. Ќе анализираме и ќе се обидеме да ги најдеме нивните слаби точки и со нашите „оружја“ да дојдеме до сите шест бода“, изјави Бабунски.

На табелата Македонија има четири бода, Ерменија и Летонија по три, а Фарски Острови се последни со еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Каква доминација: Ѓоковиќ експресно до осиминафинале во Шангај!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Италијанецот Флави Коболи со 2:0 (6:1, 6:2) во с…