Интер пред неколку дена објави дека Кристијан Ериксен нема дозвола да игра оваа сезона за италијанскиот клуб.
Ериксен во текот на летото доживеа срцев удар на Европското првенство, на крајот успеа да се опорави. Сепак мораше да му биде вграден дефибрилатор поради кој не може да игра во Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Затоа многу веројатно во јануари тој ќе ја промени средината и ќе се пресели во клуб каде што може да игра. Клубот е спремен да го пушти Ериксен без оштета затоа што се свесни во каква ситуација се наоѓа. Сепак, треба да се напомене и дека Интер ќе добие оштета од УЕФА затоа што срцевиот удар се случило во нивно натпреварување.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Ериксен има неколку понуди, но изгледа дека најсериозен Ајакс. Со заминувањето на Ериксен Интер би заштедил 7.5 милиони евра колку што изнесува неговата плата.