Дома Македонски спорт Мак фудбал Ашковски: Не сме задоволни, заслуживме победа со Бугарија

Ашковски: Не сме задоволни, заслуживме победа со Бугарија

Македонската репрезентација со бод се враќа од Бугарија, по ремито во Разград, иако заслуживме многу повеќе.

Македонија беше подобра во сите 90 минути и ја надигра Бугарија по сите статистички параметри, па дефинитивно ние сме тие кои треба да жалиме за изгубените два бода.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Стефан Ашковски исто така е незадоволен од епилогот во Разград и смета дека Македонија заслужи победа.

„Да бидам искрен не сум многу задоволни со освоениот бод, сметам дека заслуживме повеќе според прикажаното на теренот. Сепак, ова е прв натпревар од Лигата на нациите и се надевам ќе бидеме уште подобри на следните средби. Имавме пад во играта во финишот, но, важно е дека  Македонија има доволно играчи за ротацијата и верувам дека кој и да се најде во тимот против Гибралтар ќе го даде својот максимум за победа“, изјави Ашковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…