Дома Останати Тенис АТП листа: Ѓоковиќ и понатаму лидер, голем скок на Алкараз

АТП листа: Ѓоковиќ и понатаму лидер, голем скок на Алкараз

Новак Ѓоковиќ започна уште една недела 369-та на првото место на АТП листата. Пласманот во полуфиналето во Мадрид за Ѓоковиќ беше доволен да остане лидер.

Зад српскиот тенисер остана Данил Медведев кој е пред Зверев, Надал и Циципас. Најголем скок на листата направи 19-годишниот Карлос Алкараз кој ги елиминираше Ѓоковиќ, Надал и славеше против Зверев во финалето за титула во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алкараз по освоената титула стигна до шестата позиција на АТП листата. Во женска конкуренција на врвот е Ига Швјонтек од Полска пред Барбара Крејчикова и Паула Бадоса. Освојувачката на турнирот во Мадрид Онс Жабер направи скок од три места и дојде до седмата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал: Тешко е, но ова е – збогум!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не одигра толку лош турнир во Мадрид, но учеството го заврш…