Раководството на Атлетико Мадрид побара од Барселона да го почитува договорот кој францускиот напаѓач го има со Антоан Гризман со овој тим.
Каталонскиот гигант е заинтересиран за услугите на Гризман, а претседателот на БарсаБартомеу во понеделникот изјави дека веќе се состанал со агентот на францускиот фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атлетико Мадрид одлучи да се прозинесе за случајот со Гризман, а тоа го направи извршниот директот Анхел Гил Марин. Тој порача дека им е доста од Барселона.
„Доста ни е од ставот на Барселона. Покажуваат апсолутен недостаток на почит.“ – рече Марин и додаде:
„Ставот на Атлетико е повеќе од јасен и повторен повеќе пати. Не сме преговарале за трансфер на Гризман, ниту имаме намера тоа да го направиме.“