Дома Топ вести Атлетико одбил 100 милиони за Жоао Феликс

Атлетико одбил 100 милиони за Жоао Феликс

Како што пренесуваат медиумите, Атлетико Мадрид ова лето одбил понуда од Баерн Минхен тешка 100 милиони евра за Жоао Феликс.

Феликс пристигна во Атлетико во 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова лето Симеоне ја одбил богата понуда бидејќи верува во Португалецот и смета дека е еден од клучните фудбалери во тимот.

Меѓутоа, оваа сезона не почна добро за Феликс, кој често е на клупата за резерви, па сака во јануари да ја промени средината.

Феликс не е задоволен во Атлетико и веќе го известил својот агент Жорге Мендеш да му бара нов клуб.

Останува да видиме дали Баерн повторно ќе се врати со нова понуда и колкава сума ќе бара Атлетико за неговата слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…