Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за крилниот фудбалер на Милан, Сусо.
Шпанскиот интернационалец блесна оваа сезона во дресот на „росонерите“ и е еден од најдобрите офанзивни играчи во Серија А.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„АС“ пренесува дека Сусо е голема желба на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и сака да го донесе во својот тим.
Сепак, тешко дека „росонерите“ ќе се согласат да го продадат Шпанецот бидејќи тој е еден од играчите на кои сакаат да го градат тимот во иднина.
Договорот на Сусо со Милан истекува во 2019 година, но италијанските медиуми пренесуваат дека набрзо ќе потпише нов, побогат договор со тимот од „Сан Сиро“.