Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста се подложи на операцијана левата нога, па ќе биде надовор од терените најмалку три месеци.
Тоа го натера тренерот Диего Симеоне да побара замена за напаѓачот, а прв на листата желби е Максимилиано Гомес од Селта, пренесува „Марка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јорганџиите“ се разочарани од придонесот на Никола Калиниќ, кој ова лети простигна од Милан, па сакаат да донесат нов напаѓач во зимскиот преоден рок.
Атлетико сака да го донесе Гомес од Селта, но тоа ќе биде исклучително тешка мисија бидејќи „јорганџиите“ веќе го достигнаа својот лимит за плати од 300 милиони евра. Поради тоа клубот ќе мора да се ослободи од некој фудбалер во јануари, а фаворити за тоа се Желсон Мартинс и Калиниќ.
Другата пречка е откупната клаузула на уругвајскиот репезентативец која изнесува 50 милиони евра. Тешко е да се поверува дека Селта ќе се согласи да го пушти напаѓачот за помала сума.
#AtleticoMadrid want to sign #CeltaVigo striker Maxi Gomez but they will need to sell first, say Marca https://t.co/5YuUmK7nZW pic.twitter.com/P5DAJXOW9K
— footballespana (@footballespana_) December 7, 2018