Дома Топ вести Атлетико и Барселона ја сакаат ѕвездата на Сити

Атлетико и Барселона ја сакаат ѕвездата на Сити

Шпанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус на лето би можел да се пресели во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде.

Ситуацијата внимателно ја следат Барселона и Атлетико Мадрид кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Двата клуба се во потрага по квалитетен напаѓач, и во Габриел Жесус гледаат идеално засилување во нападот.

Интересот на Атлетико е поконкретен бидејќи Симеоне верува дека Бразилецот ќе биде идеална замена за Суарез.

Оваа сезона Жесус има 32 настапи за Манчестер Сити на кои постигна 7 гола и 10 асистенции, а неговата цена изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…