Приоритет на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Шпанските медиуми пренесуваат дека прв на листата желби е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Билд“ пренесува дека „јорганџиите“ го сакале Португалецот уште во зимскиот преоден рок, но Ајнтрахт не сакал да се откаже од својата ѕвезда.
На лето Португалецот во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 30 милиони евра, сума која Атлетико е спремен да ја плати.
Андре Силва блеска оваа сезона во дресот на Ајнтрахт и веќе има постигнато 24 гола и 9 асистенции на 28 меча.