Дома Трансфер зона Атлетико го сака новиот италијански репрезентативец

Атлетико го сака новиот италијански репрезентативец

Атлетико Мадрид се вклучи во битката за потписот на новиот италијански репрезентативец, Матео Ретеги.

23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а поради италијанските корени одлучи да игра за Италија.

Интер и Милан веќе покажуваат интерес за напаѓачот, а Атлетико Мадрид испратил скаути да го следат Ретеги на мечот со Малта.

Ретеги одигра одлично и постигна гол, а „јорганџиите“ се во потрага по рубусен напаѓач со неговите карактеристики.

Симеоне е спремен да стапи во контакт со Ретеги и да го убеди да се пресели во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…