Дома Фудбал Асенсио донесе конечна одлука за иднината

Асенсио донесе конечна одлука за иднината

Ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио донесе одлука да остане во клубот и да го одработи до крај договорот, пренесуваат шпанските медиуми.

Во последните неколку недели, имаше извештаи за интерес за 26-годишниот фудбалер од Милан, Њукасл, Арсенал и Ливерпул. Сепак, тој одлучил дека е подобро да остане на „Сантијаго Бернабеу“, тврди трансфер гуруто Фабрицио Романо.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Договорот на Асенсио истекува следното лето и засега нема преговори за негово продолжување.

Единсвен клуб кој испрати конкретна понуда до Шпанецот беше Њукасл, но Асенсио ја одби бидејќи сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Планот на играчот е да остане во Реал оваа сезона, а потоа да замине како слободен играч, па ќе има поголем избор каде да ја продолжи кариерата и ќе може да преговара за посериозна плата со својот иден клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко има план за Левандовски во иднина: “Специјален случај”

Деко има многу работа пред себе. Договорите на неколку врвни играчи истекуваат по оваа сез…