Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид ова лето.
Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, бидејќи двете страни ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанецот исто така е спремен да ја промени средината, а има понуди од Милан и Ливерпул.
Асенсио е во потрага по клуб каде ќе има поголема минутажа, но не е сигурен дека во Ливерпул ќе има главна улога во тимот, бидејќи игра на истата позиција како Салах.
Од друга страна Милан му нуди централна улога во тимот, но помала плата од Ливерпул, па се очекува играчот во наредните денови да донесе одлука.
🚨🚨| Marco Asensio is set to leave Real Madrid this summer after the club decided NOT to offer him a new deal. Liverpool and Milan both want him. @MelchorRuizCope #rmalive
— Madrid Zone (@theMadridZone) June 27, 2022