Арсенал ќе бара 45 милиони евра за Лукас Тореира, во случај Уругваецот да побара трансфер ова лето.
Тореира е примарна цел на Милан, а и самиот играч јавно призна дека сака да се врати во Италија, па се очекува во наредните денови двата клуба да започнат преговори.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тореира минатото лето пристигна на „Емирати“ од Сампдорија за 35 милиони евра и одигра одлична сезона, но „топџиите“ нема да му стојат на патот доколку сака да замине.
Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло го сака по секоја цена во својот тим 23-годишниот играч за врска, а „росонерите“ се спремни да му ја исполнат желбата.
Арсенал бара 45 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 40 милиони, па се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса за да ја „испеглаат“ разликата.
https://youtu.be/Rto5ZB4OYHA