Дома Трансфер зона Арсенал ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Атлетико

Арсенал ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Атлетико

И покрај фактот што се уште не е јасно кога ќе се отвори трансфер прозорецот ова лето, многу од големите клубови сепак почнаа да работат на трансфери.

Според информациите од Островот, „топџиите“ веќе спремиле понуда од 44 милиони фунти за играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот за врска има откупна клаузула во договорот од 44 милиони фунти, па Арсенал е спремен да ја плати бидејќи Африканецот е голема желба на Микел Артета.

Парти игра одлично во дресот на Атлетико и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Сепак, Атлетико нема така лесно да се откаже од Парти бидејќи е важен дел од тимот, па сака да му понуди нов договор со многу повисока клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…