Арсенал во наредните денови ќе се обиде да го ангажира Деклан Рајс од Вест Хем, пренесува британското издание „Football365“. Предлогот наводно доаѓа од раководството на клубот, а го поддржал и менаџерот Микел Артета.
Пред Нова година се најавуваше дека за 23-годишниот репрезентативец на Англија е заинтересиран и лондонски Челзи, но сега ситуацијата е малку поинаква.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рајс наскоро ќе го напушти Вест Хем, бидејќи и самиот призна дека сака да игра во најсилните европски клупски натпреварувања.
На Вест Хем сезонава не му оди како што се очекуваше и „чеканите“ се наоѓаат во долниот дел од табелата во Премиер лигата.
Но, Рајс исто така има договор со Вест Хем до 2024 година. „Чеканите“ не сакаат да се откажат од неговите услуги за сума пониска од 100 милиони евра.
Арсенал според пишувањето на медиумите е спремен да ја плати таа сума. Останува да видиме дали ваква голема „операција“ „топџиите“ се спремни да изведат во јануари или ќе почекаме до летниот преоден рок.