Дома Топ вести Арсенал се вклучи во трката по Рабио

Арсенал се вклучи во трката по Рабио

Арсенал е последниот клуб кој се вклучи во трката за плејмејкерот на Пари Сент Жермен, Адриен Рабио пренесуваат англиските медиуми.

Рабио одби да го продолжи договорот со ПСЖ и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па многу европски гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис.

Унаи Емери одлично го познава Французинот и ќе се обиде да го убеди Рабио да го избере токму Арсенал.

Како што е познато, Барселона веќе подолго време е во преговори со неговите агенти, а силен интерес за Рабио покажуваат уште Ливерпул, Тотенхем, Баерн Минхен и Јувентус.

Рабио моментално е отстранет од првиот тим на ПСЖ и нема да игра до крајот на сезоната, па останува да видиме која ќе биде неговата следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…