Арсенал во последниот ден од преодниот рок сака да го комплетира трансферот на играчот за врска на Астон Вила, Даглас Луиз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Даглас Луиз синоќа му даде гол од корнер токму на Арсенал, а денес ги договори личните услови со „топџиите“.
Според медиумите „топџиите“ ќе понудат 20 милиони фунти за Бразилецот, кој влезе во последната година од договорот со Астон Вила.
Даглас Луиз притиска за трансфер на „Емирати“, но Астон Вила тешко дека ќе прифати да остане без така важен фудбалер во последниот ден од трансфер пазарот.
Сепак, трансферот е можен со оглед на фактот што на крајот на сезоната Бразилецот ќе биде слободен агент.