Санти Казорла ќе го напушти Арсенал во летниот трансфер период.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Искусниот шпански играч за врска ќе си замине од Лондон како слободен играч, бидејќи нема да го продолжи договорот со „топчиите“, пренесуваат медиумите на Островот.
Казорла последниот натпревар за Арсенал го одигра во октомври 2016. година, а во изминатиот период мака мачеше со повредите.
Казорла во Северен Лондон пристигна во 2012. година од Малага и постигна 29 гола на 180 официјални натпревари. Во текот на кариерата играше и за Виљареал и Рекреативо Уелву. За репрезентацијата на Шпанија запиша 77 настапи со 14 гола.