Дома Трансфер зона Арсенал и Тотенхем се вклучија во битката за Ловрен

Арсенал и Тотенхем се вклучија во битката за Ловрен

Арсенал и Тотенхем како приоритет во летниот преоден рок поставија доведување на врвен дефанзивец, па и двата лондонски клуба се интересираат за дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ловрен не е прв избор кај Јирген Клоп. Иако има уште една година од договорот, извесно е дека ќе го напушти Енфилд, а би можел да остане во Премиер лигата.

Ловрен уште минатото лето беше на излезна врата, но одлучи да остане во Ливерпул, а покрај споменатите клубови интерес за 30-годишниот Хрват покажуваат и неколку италијански клубови.

Ливерпул нема ништо против да го продаде Ловрен на директен конкурент и веќе ја постави цената, па за неговата слобода ќе бара 18 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…