Дома Трансфер зона Арсенал и Лион договараат трансфер од 60 милиони

Арсенал и Лион договараат трансфер од 60 милиони

Француските медиуми пренесуваат дека Арсенал е многу блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Лион.

Станува збор за 22-годишниот Хусем Оар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Оваа сезона блесна во дресот на Лион и одигра 37 меча во сите конкуренции, на кои постигна 9 гола и запиша 7 асистенции, а одлични настапи имаше и во Лигата на шампиони.

За него интерес покажаа уште Јувентус и Лион, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата и понуди 50 милиони евра плус бонуси.

Француските медиуми тврдат дека Лион за својата ѕвезда бара 60 милиони евра, па двата клуба се уште преговараат.

Се очекува Арсенал да ја зголеми понудата за бонусите и трансферот да се комплетира во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…